Friday, Apr 19, 2024
HomeСТУДЕНТУМ„РобоМак 2016“ официјално започна

„РобоМак 2016“ официјално започна

 

Денеска започна седмиот по ред натпревар за роботика и вештачка интелегенција наречен „РобоМак 2016“ кој се одржа во просториите на Факултетот за електротехника и информациски технологии. Натпреварот е од меѓународен карктер а во него учествуаат 65 натпреварувачи од Македонија и 15 натпреварувачи од други земји. „РобоМак 2016“ вклучува низа работилници и предавања на кои учесниците се запознаваат со најновите научни дотстигнувања. Целите на натпреварот се овозможување на практична работа во областа на роботиката, приближување на роботиката кон средношколците. Учесниците во текот на семинарот ќе работат во мешани тимови и ќе ги склопуваат своите роботи, ќе ја развиваат нивната вештачка интелигенција и ќе ги подготвуваат за финалниот натпревар, кој ќе се одржи на 12 март во Домот на АРМ, со почеток во 18 часот.