HomeГИГА БАЈТСмартфонRoBoHoN е подвижен робот-смартфон кој е скап колку што е сладок

RoBoHoN е подвижен робот-смартфон кој е скап колку што е сладок


Јапонската компанија Sharp претстави смартфон во тело на робот. RoBoHoN може да прима повици, да испраќа мејлови и да функционира со апликации. Телефонот на Sharp може да разговара со вас, да ве повикува преку Uber, а може да ве почувствува и кога плачете.
IFrame

Роботот-телефон има вграден проектор со кој може да прикажува фотографии и филмови, ќе може да слика, да пушта музика и да ги препознава луѓето со помош на технологија за препознавање на лица. RoBoHoN има мал дисплеј од 2 инчи, функционира со Android 5.0 Lollipop, има поддршка за LTE и Wi-Fi конекција.

Sharp го пушта од 26 мај во продажба овој уред, за кого не е познато дали ќе биде достапен надвор од Јапонија. RoBoHoN чини 1.800 долари, што е двојно поскапо од iPhone 6S.

Извор: telefoni.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com