HomeРЕФЛЕКТОРМузикаРоби Вилијамс најуспешен британски изведувач!

Роби Вилијамс најуспешен британски изведувач!

Популарниот британски музичар Роби Вилијамс со својот нов албум „The Heavy Entertainment Show“ се искачи на првата позиција на официјалните британски музички топ-листи, со тоа поставувајќи нов рекорд за било кој британски изведувач. 11 Студиски албум на Роби Вилијамс „The Heavy Entertainment Show“ достигна 67.000 комбинирани продажби и со тоа стигна до врвот на британската топ листа „Official Albums Chart“.

Вилијамс дури успеа да го помине и Дејвид Боуви како британски изведувач со најмногу нумери кои ја забележале првата позиција на таа официјална топ-листа, а се изедначи со Мадона која исто така има 10 најпопуларни албуми во САД. Поуспешен од Роби Вилијамс и Мадона е само Елвис Присли, со 13 албуми кои успеале да се искачат на првата позиција.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com