HomeРЕФЛЕКТОРФилмРоберт Редфорд ја напушта глумата

Роберт Редфорд ја напушта глумата

h_52944413

Американскиот филмски актер Роберт Редфорд најави дека наскоро ќе се повлече од светот на глумата и ќе се посвети на режирањето. Во интервјуто со својот внук Дилан Редфорд, 80-годишниот актер изјави дека станува изморен од глумата. Редфорд вели дека има уште два актерски проекти „Our Souls at Night“ со Џејн Фонд и „The Old Man and the Gun“, но дека ќе се повлече од глумата кога ќе заврши со нив.

„Кога ќе завршам со овие два проекти тогаш ќе и кажам збогум на глумата и ќе можам да и се посветам на режијата“, изјави Роберт Редфорд. Првата филмска улога ја добил во 1962 година, за потоа да изгради голема богата кариера глумејќи во повеќе од 30 филмови, а во 1981 година доби и Оскар.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com