Wednesday, Apr 24, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмРоберт Де Ниро ќе пристигне во Сараево за да му биде врачена награда

Роберт Де Ниро ќе пристигне во Сараево за да му биде врачена награда

Познатиот холивудски Актер Роберт Де Ниро е прв добитник на Почесното срце Сараево за животно дело. Најголемото признание на Сарево филм фестивалот ќе му биде врачено на актерот на свеченото отварање на 22 по ред издание, коа оваа година се одржува од 12 до 20 август.

Де Ниро на публиката ќе им го претстави култното филмско остварување на Мартин Скорсезе „Таксист“, кој во чест на 40-годишницата од прикажувањето беше реставриран. Овој филм од критичарите и публиката беше прогласен за еден од најзначајните филмови на сите времиња. Истакнатиот актер во Сараево, за фестивалската публика и претставниците на медиумите, ќе зборува за својата кариера и својот живот.