Sunday, May 28, 2017
HomeФЕР ПЛЕЈРакометРК Вардар атакува – петте нови засилувања се конечно претставени

РК Вардар атакува – петте нови засилувања се конечно претставени

Несомнено е дека ракометниот шампион сериозно се спрема за престојната сезона, за што се доказ новите пет велесили кои ќе им помогнат на „црвено-црните“ да атакуваат кон нови успеси и поход кон европските елитни натпреварувања.

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков, Шпанецот Хорхе Македа, Хрватот Лука Цндриќ, Русинот Александер Деревен и Србинот Мијајло Марсениќ се луѓето кои се придружуваат на тимот кој претходните две сезони е во Топ 8 во Европа, ја освои СЕХА лигата, и минатата сезона се проби како освојувач на двојната круна во домашното првенство.

Давор Стојановски, директорот на клубот, го потврди планот за подготовки кои предвидуваат два турнира на Вардарци, едниот во Кажиња, Србија и другиот ќе биде организиран од страна на клубот и ќе се одвива во периодот од 24. до 27.август.