Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаРистовска: Не правиме притисок врз медиумите, ниту тие се предмет на истрага

Ристовска: Не правиме притисок врз медиумите, ниту тие се предмет на истрага

Ниту еден медиум не е под истрага на СЈО и затоа не може да се зборува дека ние правиме притисок врз некои од медиумите, рече обвинителката Ленче Ристовска, на денешната прес конференција.

Таа рече дека кривичните дела на поединци не се кривични дела на медиумот и замоли некои медиуми да не шпекулираат околу тоа.

– За ниту едно лице од денеска отворените четирите истраги не е побаран притвор – рече Ристовска.

Во врска со четирите нови случаи кои пред малку ги обелодени СЈО, Ристовска рече дека најголем дел од разговорите произлегуваат од необјавените „бомби“.

Пред почетокот на прес конференцијата новинарските екипи од медиумите кои тврдат дека се чуствуваат загрозено и дека се под притисок ги тргнаа камерите кога требаше да се обрати специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.