Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаРистоска задоволна од пресудата за Грујовски

Ристоска задоволна од пресудата за Грујовски

Специјалната јавна обвинителка Ленче Ристоска изрази задоволство од пресудата за поранешниот началник на Управата за безбедност и контраразузнавање, Горан Грујoвски, и за шесте службенички во УБК, осудени за уништување и за незаконското палење на илјадници списи во случајот „Тврдина 2“, како и за фалсификување службена исправа.

– Денеска СЈО ја доби првата пресуда. Обвинетите се осудени, а ваквата пресуда беше според нашите очекувања. Ние сме задоволни, но ќе ја почекаме пресудата и ќе ги разгледаме аргументите на судот, па ќе одлучиме дали ќе се жалиме – рече Ристоска.

Според неа, ваквата пресуда претставува порака за службениците што извршуваат наредби дека не смеат да бидат амнестирани.

Грујовски, кој се наоѓа во екстрадициски притвор во Грција, доби една и пол година затворска казна за незаконското палење на илјадници списи во случајот „Тврдина 2“ на СЈО. Другите шест обвинети, вработени во УБК, добија условни казни за фалсификување службена исправа. Пет од нив се осудени на условна казна од девет месеци, а една од нив на две години.