Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаРистоска за австриски „Куриер“: Не ја штитиме опозицијата, ќе одговара секој што го прекршил законот

Ристоска за австриски „Куриер“: Не ја штитиме опозицијата, ќе одговара секој што го прекршил законот

Предвидените 18 месеци за завршување на истражните постапки и за покренување на обвиненија за случаите кои произлегуваат од незаконското прислушување нема да бидат доволни и Специјалното јавно обвинителство очекува Собранието да го продолжи тој рок, оценува обвинителката на СЈО, Ленче Ристоска во интервју за австрискиот весник „Куриер“.

„Само за да ги преслушаме 20. илјади тонски записи врз чија основа истражуваме, ќе ни треба една и пол година. Работиме под огромен притисок на времето. Истовремено често не блокираат локалните судови и власти, одбиваат да споделуваат документи или воопшто не соработуваат“, вели Ристоска.

Како што пренесува Дојче Веле, Ристоска во интервју за весникот вели дека СЈО како институција не е насочено кон одредено лице или партија и не ја заштитуваат опозицијата.

„Ние не сме насочени кон одредено лице или партија и не ја заштитуваме опозицијата. Но водиме истраги против одредени лица кои го прекршиле законот. Секој кој го прекршил законот треба да одговара. Дури и ако тоа значи дека ќе го растресеме целиот политички систем“, вели специјалната обвинителка за весникот.