Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈРИО 2016: За малку тепачка на одбојкарски натпревар! (ВИДЕО)

РИО 2016: За малку тепачка на одбојкарски натпревар! (ВИДЕО)

Стана навистина „жешко“ на мрежата во дуелот меѓу Полска и Иран во второто коло од групната фаза на Олимписките игри. Атмосферата се остреше во текот на целиот натпревар, а кулминацијата се случи на крај. Полска победи со 3:2 по сетови, а колку беше драматично сведочи и тоа што победија по тај брејк со резултат од 18:16 во последниот сет.

Смечот на Гаеми заврши во аут, а таа топка не допрела никој во блокот. Репрезентативците на Полска, Курек и Кјубак, со своите гестикулации ги провоцираа ривалите, што беше капка која ја прели чашата. Две минути траеше дофрлувањето и провокациите, за сепак на крај многу од играчите од двата табора се ракуваа со риувалите.

Инаку, ова беше само продолжување на „војната“, бидејќи минатата година исто така беше многу напнато на натпреварот меѓу овие две репрезентации во рамките на Светската лига, кога судијата и покажа црвен картон на Сејед и Кубијак поради вербален дуел.