Tuesday, Jun 27, 2017
HomeАНТИСТРЕСХороскопРимско љубовно предвидување за секој хороскопски знак

Римско љубовно предвидување за секој хороскопски знак

HOROSKOP SLIKA 3

 

За време на Римското царство астрологијата речиси се сметала за професија. Во неа верувале Цезар, Красус и и Птоломеј. После нив, речиси сите цареви имале свои астролози. Еве што предвиделе старите Римјани за секој хороскопски знак.

Овен– Бидејќи сте упорни и дрски нема да здивнете се додека не го изморите противникот. Младите дами можат да се најдат во љубовна мета  и да бидете сведок на додворувањата на Водолија или Лав. Додека припадниците на посилниот пол можат лесно да се вљубат во Близнак или Стрелец. Љубовта барајте ја на места за забава

Бик-Никој не може да одолее на вашиот шарм, вие секогаш се трудите да им оставите силен впечаток на луѓето кои ви се допаѓаат, на некој Рак ќе му импонира вашиот заштитнички став, а на Девицата сигурноста со која зрачите

Близнаци-Весели сте, духовити и секогаш интересни. Тоа и одговара на некоја шармантна Вага или таинствена Водолија, ова посебно важи доколку сте жена. Додека пак машките Близнаци ќе бидат привлечени од шармантна Лавица или Овен

hroskop slika 2

Рак-Романтични сте, и никогаш не ви е доста од нежности.  Вашето внимание знае да го привлече една Шкорпија или сензуална Риба. Припадниците на посилниот пол треба да обрнат внимание на Девица која ја познаваат одамна.

Лав-Страствени сте и топли, често ,,паѓате” на надворешниот изглед, но сепак знаете да препознаете искрени емоции посебно кога истите доаѓаат од Овен или Вага. Доколку сте машко, сигурно нема да одолеете на веселите Близнаци и спонтаната лежарност на Стрелците.

Девица-На вашиот перфекционизам му е потребен одмор и вистинско опуштање. Тоа сигурно би го добиле од еден Бик, но и од доминантен Јарец. Мажите Девици ќе бидат привлекувани од Скорпии и Ракови.

Вага-Важите за еден од најшармантните знакови во зодијакот. Не ви е тешко да привлечете се што ќе посакате. Вашето внимание лесно може да биде привлечено од Водолија и Близнак. Машкиот пол може лесно да освои Лавица или Стрелец

Скорпија-Вашата харизматичност и таинственост прави секогаш да бидете привлечни и забележани. Зрачите со сексипил. Доколку сте машко имате можност за врска со Рак или Риба. Дамите Скорпии можат лесно да бидат привлечени од срамежлива Девица или Јарец.

Стрелец-Спонтани сте и природни, вистински магнет за великодушен Лав или ..откачена” Водолија. На машките претставници на овој знак може да им се допадне Овен, или тактична Вага.

Јарец-Можно е да  се впуштите во тајна или паралелна врска со Скорпија или Девица. Доколку сте жена, нема да можете да одолеете на додворувањето на еден Рак. Контролирајте ја љубомората и посесивноста бидејќи може да имате проблеми во врската.

Водолија:Уживате кога ги шокирате луѓето околу вас, зошто емотивните односи би биле исклучок? Можно е да ве заинтересира некоја Вага која се вљубува во вашиот немирен дух. Жените Водолии можат лесно да се вљубат во Стрелец или Овен. Прво бидете сигурни во своите чувства потоа покажете ги јавно

Риби-Вашата еротичност не може да остане незабележана.Доколку сте дама, привлекувате Скорпии и Ракови. Доколку сте машко нема да ви биде тешко да освоите Бик или Јарец.