HomeАНТИСТРЕСШтосноРики Мартин му понудил брак на своето момче

Рики Мартин му понудил брак на своето момче

ricky-martin-800

Поп пејачот Рики Мартин откри дека го побарал за маж својот дечко Јван Јосеф. Веста околу предлогот за брак ја сподели со своите обожаватели во емисијата на Елен Деџенерес. Пејачот призна дека бил многу нервозен. „Клекнав на колена и извадив метална кутија. Му кажав дека имам нешто за него“, се присети Рики Мартин.

Толку се испаничил што не успеал ниту да го праша дали тој сака да се омажи за него, туку едноставно му кажал дека сака да го помине остатокот од својот живот со него. На тоа Јосеф се насмеал и му рекол: „Што всушност сакаше да ме прашаш?“. Тие својата врска во јавноста ја открија во март. Мартин изјави дека му било најважно како неговите синови близнаци ќе реагираат на Јосеф, но додава дека немало причина за страв, бидејќи тие го обожавале.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com