Thursday, Apr 25, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмРијана и Ен Хатавеј во женската верзија на филмот „Ocean’s Eleven“

Ријана и Ен Хатавеј во женската верзија на филмот „Ocean’s Eleven“

Поп ѕвездата Ријана заедно со актерката Ен Хатавеј и Хелен Бонам Картер преговара околу учество во римејкот на остварувањето „Ocean’s Eleven“ од 2001 година, чии главни улоги им припаѓат на Сандра Булок и Кејт Бланчет. Почетокот на снимањето на филмот компанијата „Ворнер брос“, кој ќе го носи називот „Ocean’s Eight“, очекува да се започне во октомври, а ќе го режира Гери Рос.

Филмот „Ocean’s Eleven“ од 2001 година во кој Клуни и неговите соучесници ограбуваат три казина во Лас Вегас, донесе заработка од околу 450 милиони долари од благајните ширум светот. Следните две продолженија и донеа уште 670 милиони долари на компанијата „Ворнер брос“.