Wednesday, Apr 24, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмРичард Гир открива зошто повеќе го нема во големи филмови

Ричард Гир открива зошто повеќе го нема во големи филмови

Холивудскиот актер Ричард Гир кој во 90-тите години беше вистинска икона на филмското платно открива дека повеќе не може да добие голема улога поради неговите ставови со кои ја поддржува независноста на Холивуд, како и неговото пријателство со духовниот лидер Далај Лама.

Оваа политика е спротивна на државната стратегија на Кина која го негира барањето на Тибет за независност и врши голема тортура. Холивудските студија затоа не му даваат важни улоги во скапите блокбастери бидејќи би загубиле многу публика на кинескиот пазар кој во последните години е многу важен за заработка на бокс офисот.

 

На доделувањето на Оскарите во 1993 година Гир го искажа својот став за кинеската окупација на Тибет, а во 2008 година повика на бојкот на Олимписките игри во Кина.

Во 80-тите и 90-тите години на минатиот век Ричард Гир беше дел од низа успешни филмови како Pretty Woman, An Officer and a Gentleman, Internal Affairs и Runaway Bride.

Гир е будист и пријател на Далај Лама. Кога станува збор за неговата кариера, тој сега добива помали, споредни улоги.