Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаРИА Новости: „Америка ќе ја протурка Македонија“ во НАТО за четири месеци?

РИА Новости: „Америка ќе ја протурка Македонија“ во НАТО за четири месеци?

Прашањето за влез на Република Македонија во НАТО може да биде решено за три до четири месеци, рекол европски дипломат за руската агенција РИА Новости, пренесе бугарската агенција БГНЕС.

„Има нагло забрзување на преговорите. За три до четири месеци планираме да ги приклучиме, тоа значи до есен“, изјавил дипломатот за агенцијата.

Истиот дипломат и претходно тврдел дека Македонија може да биде приклучена кон Северноатланскиот пакт до пролетта 2018 година и дека властите во Скопје се подготвени да го променат името. Според дипломатите забрзувањето на преговорите за членство на Македонија во НАТО се прави по иницијатива на САД.