Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаРезултатите на матичен ќе се внесуваат компјутерски

Резултатите на матичен ќе се внесуваат компјутерски

Фондот за здравствено осигурување на Македонија ќе изработи нов софтвер кој ќе им помогне на матичните лекари да ги внесуваат резултатите на прегледаните пациенти во компјутерска евиденција и на тој начин постојано ќе имаат увид во нивната анамнеза.

maticni softver

Програмата ќе биде наменета за матичните лекари од општа пракса да работат на превенција на одредени чести заболувања кај пациентите како кардиоваскуларни болести, дијабетис и нефролошки заболувања.
За стимулирање на оваа активност секој матичен лекар преку Фондот добива 20% од капитацијата секој месец.

Со софтверот ќе се намали папирологијата и полесно ќе се води евиденција што ќе им заштеди време на матичните лекари. Во наредниот период матичните лекари ќе бидат поврзани со сите лаборатории од примарно ниво, со кои Фондот има склучено договор. Ова ќе биде дополнително олеснување на лекарите и пациентите, во поглед на заштеда на време.