Friday, Mar 29, 2024
HomeАНТИСТРЕСПатувањеРеволуционерно седиште ќе овозможи удобни летови

Револуционерно седиште ќе овозможи удобни летови

Летањето со авион, особено на подолги релации може да биде вистинско оптоварување доколку немате удобно седиште, што особено важи за авиокомпаниите од пониските класи. За летањето во економска класа има решение и Aerospace креираше седиште кое ќе може да се поместува напред или назад, прилагодувајќи го растојанието меѓу високите и пониските патници, за да има доволен простор за нозете за сите.

image

Ова седиште се монтира на тркалца и лесно се поместува напред-назад, секако доколку сите патници се согласат на компромис и создадат идеален простор. Сега, прашање е колку авио компаниите би биле заинтересирани да го применат овој новитет, но во секој случај малите авио превозници би имале голем бенефит. Доколку се применат при чекирање стјуардесите ќе ги распоредат патниците според нивната височина еден позади друг.