Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаРеволт кај струмичките земјоделци, откупните цени најниски во последните години

Револт кај струмичките земјоделци, откупните цени најниски во последните години

Земјоделците од Струмица денеска преку блокади на улиците го искажаа својот револт. Тие не се задоволни од ниските откупни цени како и лошиот пласман на раноградинарските производи. Имаат повеќе барања од ресорното министерство за итна интервенција и доколку тоа не се случи, најавуваат блокади на патиштата и уништување на родот.

Откупните цени на зеленчукот се намалил за скоро 50% деновиве а тврдат и дека годинашните цени  се најниските во последните десет години.