Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветРетко заболување – 17 годишна девојка алергична на вода

Ретко заболување – 17 годишна девојка алергична на вода

Александра Ален од Мејплтон, Јута го има можеби најневообичаеното заболува со алергичност на вода што го прави нејзиниот живот премногу комплициран. Симптомите за прв пат и се појавиле на 12 години кога се бањала во базен, а подоцна имала тешка алергиска реакција со голем број на отоци.

„Има денови кога цело време сум во кревет покриена со отоци и ми доаѓаат мисли дека нешто навистина не е ред со мене, како човечко суштество, печатна грешка или пак лош фабрички исход. Затоа сакам да ја споделам мојата приказна бидејќи сигурно има и други кои мене кои би го помислиле истото, па можеби ова ќе има помогне да се справат со болеста“, пишува Ален на својот блог.

Алергијата на вода е неизлечлива и симптомите секогаш се јавуваат при туширање, намокрување од дождот, а пливањето и водените активности воопшто не доаѓаат во предвид. За среќа пиењето вода не ги предизвикува отоците.