HomeДЕНЕШНАЕкономијаРечиси 7 милиони евра изнесува бруто надворешниот долг на Македонија

Речиси 7 милиони евра изнесува бруто надворешниот долг на Македонија

pari

Историско највисоко ниво на надворешната задолженост измери Народната Банка, заклучно со вториот квартал. Бруто надворешниот долг изнесува 6 милијарди и 914 милиони евра или 73,1 отсто од Бруто домашиот производ. Ова ниво е највисоко од 2004 година. Податоците за раст на долговите кон странство следуваат по објавата за растечкиот јавен долг, кој позначајно се зголеми по задолжувањето со новата еврообврзница од 450 милиони евра.

Јавниот долг беше нотиран и во последните извештаи на ММФ и на Светска банка.

Според податоците на Министерството за финасии, јавниот долг заклучно со третиот квартал изнесува 50,6 отсто и тоа е досега највисоко измерено ниво. Според надворешната задолженост пак, Македонија е во групата на високо задолжени земји.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com