HomeДЕНЕШНАСветРешавачка битка за Мосул, 1 милион цивили во опасност

Решавачка битка за Мосул, 1 милион цивили во опасност

На ирачкиот град Мосул му се заканува најголемата хуманитарна катастрофа бидејќи започнува решавачката офанзива на силите на САД и владините војници кои ќе се обидат да ги поразат џихадистите на Исламска држава кои токму од тука ги водат главните операции во Ирак, слично како што го користат Рака во Сирија.

mosul1

ОН се исклучително загрижени за безбедноста на населението во Мосул, изјави синоќа Стивен О’Брајен, заменик генералниот секретар на светската организација за хуманитарни прашања.

– Семејствата се изложени на огромна опасност да се најдат меѓу два огна или да станат мета на снајперисти, како и да бидат употребени како жив штит. ОН се подготвени да обезбедат засолниште за 60.000 лица во кампови и објекти за времено сместување. Во процес на изградба се нови кампови, кои се планирани за 250.000 луѓе. Подготвени за доставување се прехранбени производи за 220.000 семејства, како и 240 тони лекови, истакна О’Брајен.

Американските власти, пак посочија дека операциите се многу внимателно подготвувани изминатите две години и дека ќе се трудат сите цивили да ги избегнат линиите на оган.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com