HomeДЕНЕШНАРегионРепублика Српска гласа – тензиите растат

Република Српска гласа – тензиите растат

Во Република Српска утринава во 7 часот беа отворени гласачките места на кои граѓаните на босанскохерцеговскиот ентитет можат да се изјаснат дали сакаат 9 јануари да продолжи да се одбележува како Ден на РС и покрај забраната од Уставниот суд на БиХ кој заклучи дека станува збор за неуставен празник кој ги дискриминира Хрватите и Бошњаците.

Законот за референдуми дефинира дека тој е важечки доколку на него гласаат повеќе од 50 отсто од граѓаните впишани во гласачкиот список. На референдумот, право на глас имаат 1.219.399 граѓани. До 11 часот гласале 17.68% од гласачите. Гласачките места ќе бидат затворени во 19 часот, а резутатите ќе пидат познати доцна во ноќта.

Бошњачките функционери во телата на власта во РС и БиХ ги повикаа Бошњаците да не наседнуваат на провокации и да не ги напуштаат своите домови.
referendum-republika-srpska
Членот на Претседателството на БиХ од Република Српска Младен Иваниќ изјави дека на изјаснувањето на референдумот за Денот на РС во Бања Лука непотребно била создадена атмосфера „или-или“ и дека се надева дека вечерва во 19 часот сѐ ќе се врати на нормала. Тој истакна дека одлуката на Уставниот суд била обид за понижување на српскиот народ и дека еднставно немало потреба за тоа. Тој кажа и дека референдумот не е вовед во референдум за независност.

Претседателот на Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ во разговор за Дневни аваз кажа дека денешниот референдум во ентитетот Република Српска е „ескалација на самоволието на претседателот на РС Милорад Додик“.

Реисот на Исламската заедница во БиХ Хусеин Кавазовиќ, пак, тврди дека е „очигледно дека зад референдумот во РС стои Русија“. Освен ова тој за Дневни аваз вели дека „Додик е само изведувач на работите“ и ги повика граѓаните да останат смирени.

„Тука станува збор за прикривање на трагите кои нѐ водат до голем криминал и во кои се вплеткани некои луѓе, но и за обид за менување на односот на силите на Балканот. Муслиманите, но и другите треба да го игнорираат референдумот и да сфатат дека поддршката за криминалните групи нѐ загрозува сите“, кажа Кавазовиќ.

Овој референдум ги крена тензиите на целиот Балкан. Србија официјално не го поддржа референдумот, но ќе го признае. На почетокот на септември, српскиот премиер Александар Вучиќ во Белград рече дека Србија е и секогаш ќе ја биде зад Република Српска.

Русија е едниствената држава која отворено застана зад референдумот, а американската амбасада во Сараево соопшти дека ќе има последици, ако референдумот не биде откажан.

Србите во овој сански ентитет денеска гласаат, а тензиите стануваат се поголеми. Балканците сепак се надеваат дека нема да се повтори хоророт 90-тите години.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com