Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаРенџери ја прекинале истражувачката акција на студенти во НП Маврово

Ренџери ја прекинале истражувачката акција на студенти во НП Маврово

Ренџерите на Националниот парк Маврово минатиот месец ја прекинале активноста на Истражувачкото друштво на студенти биолози (ИДСБ) со образложение дека има забрана за движење во шума од 7 до 17 часот.

Од друштвото објаснуваат посочуваат дека нивната истражувачка акција почнала на 9-ти минатиот месец, кога група од 40 студенти и истражувачи, поставиле камп кај домот „Говедарница“ на планината Дешат, која е во склоп на НП Маврово.

„Почнавме со истражувањето и сè одеше според планот се до 12-ти јули, кога не пресретнаа ренџери од НП Маврово и ни рекоа дека ако не го напуштиме паркот ќе бидеме казнети, бидејќи има забрана за движење во шума. Бевме сместени на приватен имот, каде што немаат ингеренции. Три дена се надевавме и се обидувавме да ги најдеме надлежните од НП Маврово, каде што се обративме за дозвола уште во април, потоа дополнително доставивме план на истражувањето и број на учесници. Непосредно пред почетокот на кампот, добивме усна дозвола од директорот да го почнеме истражувањето. За жал, не најдовме решение, туку индиректно бевме избркани од паркот”, велат студентите.

Инаку петнаесетдневната истражувачка акција е нивни главен годишен настан, кога повеќе од 40 студенти се едуцираат од областа на биологијата под менторство на професори, стручни лица и на експерти од Македонија и од соседните земји. Од Националниот парк Маврово се уште не дале коментар.

Извор: vest.mk