Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаРеменски за РСЕ: Не се точни гласините за смени на кадри, деградирања или отпуштања!

Ременски за РСЕ: Не се точни гласините за смени на кадри, деградирања или отпуштања!

Новата министерка за труд и социјална политика, Фросина Ременски, ги негираше гласините дека изборот на новите министри од редовите на СДСМ ќе биде придружена со смени на кадри, смена на позиции, деградирања или отпуштања. Ременски вели дека промените се направени со цел да не се дозволи политизација на институциите, како што се случуваше досега.

Ременски во интервју за Радио Слободна Европа го коментираше и “ветото” на нејзиниот заменик од ВМРО-ДПМНЕ, Диме Спасов, кој своја одлука им нареди на вработените во Министерството за труд да не ги почитуваат наредбите на Ременски .

Инаку, по расправата Ременски- Спасов, по анонимна пријава Управниот инспекторат изврши контрола во Министерството за труд и социјална политика и не утврди дека во ресорот биле ангажирани  неовластени лица.