HomeДЕНЕШНАПолитикаРеменски: Не можеме да го најдеме договорот кој му дава право на Спасов да го вози Туарегот

Ременски: Не можеме да го најдеме договорот кој му дава право на Спасов да го вози Туарегот

trud-i-sociujala

Министерството за труд и социјална политика не може да го најде договорот кој на Диме Спасов му дозволувал да управува со службениот „Туарег“ на Агенцијата за вработување – вели министерката Фросина Ременски. Ова доаѓа откако пред извесен период, директорот на Агенцијата тврдеше дека Спасов имал такво овластување.

„Надлежните служби ги проверуваа сите договори склучени од август до октомври минатата година, но таков документ не најдоа. Ако навистина има таков договор, логично е да има еден примерок и во МТСП“ – вели Ременски.

Од Министерството за труд и социјала велат дека договорот не можат да го добијат ниту од Агенцијата иако пред две недели упатиле такво барање. Поради тоа Ременски се сомнева дека таков документ воопшто и постои.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com