Wednesday, Dec 13, 2017
HomeДЕНЕШНАПолитикаРеменски му испрати новогодишна „честитка“ на поранешниот министер Диме Спасов

Ременски му испрати новогодишна „честитка“ на поранешниот министер Диме Спасов

Министерката д-р Фросина Ташевска-Ременски, денеска до Основното јавно обвинителство – Скопје ја поднесе најавената прва кривична пријава против поранешниот министер за труд и социјална политика Диме Спасов и вработена службеничка на пробна работа во МТСП.

Кривичната пријава опфаќа образложение и докази за основани сомневања за злоупотреба на службена положба и овластувања и несовесно работење во службата за Диме Спасов и државниот службеник на пробна работа во Министерството за труд и социјална политика Сузана Анова.

Спротивно на член 181 од Законот за социјална заштита, Диме Спасов како министер доверил овластување на лице на службеник на пробна работа (Сузана Анова) кое нема законско право да одлучува во управна постапка, во име на министерот да ги потпишува сите акти од социјална заштита.

Во постапувањето по противзаконски пренесеното овластување било решавано за правата од социјална заштита на граѓаните.

Поголем број решенија по жалби за укинато право на социјална парична помош и за правото на постојана парична помош се донесени од страна на неовластено лице, а по поголем број на предмети воопшто и не е одлучувано во законски утврдениот рок.

Диме Спасов како тогашен министер бил должен да ги почитува одредбите од Законот за социјална заштита и од Законот за општата управна постапка во однос на обврската за решавање по жалби во законски определен рок од 60 дена, во кој требал да обезбеди законитост во извршувањето на прописите во управна постапка, без да создаде услови во кои ќе го оневозможи законитото одлучување по жалби од лице кое нема законско право да решава по жалби во втор степен во управна постапка.

Поради повредите на законските прописи за спроведување на управната постапка голем број граѓани го изгубиле правото за заведување на управен спор со поднесување на тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 дена од прием на решението по жалба.