Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионРекордна заплена на хероин во Романија

Рекордна заплена на хероин во Романија

Романската полиција заплени 333 килограми хероин и уапси четири лица. Уличната вредност на дрогата е проценета на 40 милиони евра, што е најголема заплена на наркотици во земјата, соопштија романските власти.

Осомничените, двајца Романци и двајца Турци, се уапсени додека се обидувале од Романија да преминат во Унгарија, со два камиона во чии резервоари биле скриени пакетчиња хероин. Стотината пакетчиња со дрога биле ставени во вреќички со бибер и со мелена пиперка, за да не можат да ја надушкаат кучињата“. Романската полиција четири години ги следела активностите на осомничените и успешно соработувала со органите на Турција и Украина, рече Даниел Хородничану, шеф на канцеларијата на обвинителството за борба против мафијата.