Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСветРекорден одлив на туристи во Турција

Рекорден одлив на туристи во Турција

Министерството за туризам на својата страна веќе го објави извештајот, според кој во април 2016 година земјата била посетена од 1,75 милиони туристи, што е за 28% пониско од истиот период минатата година.

Падот на туристичкиот интерес за Турција е споредлив со 1999 година, кога по серијата терористички напади на ПКК туристичкиот поток кон земјата исто така падна, пренесе Deutschе Welle.

Причината за кризата во туристичкиот сектор на Турција се терористичките акти и влошувањето на односите со Русија.

Бројот на руските туристи оваа година е намален за скоро 80%.

Бројот на германски државјани кои ја избираа Турција како туристичка дестинација исто така паднал за една третина.

Според турскиот статистички институт од јануари до март оваа година приходите на туристичкиот сектор во земјата се намалиле за 16,5% во споредба со истиот период минатата година.