Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаРекорден минус во сметките на македонските граѓани

Рекорден минус во сметките на македонските граѓани

Граѓаните сѐ повеќе посегнуваат по минусот на картичките како наједноставен но и еден од најскапите начини на финансирање. Тоа го покажува фактот што минусното салдо на тековните сметки создадено со пречекорување на платата во првата половина од годината достигна рекордни 96,2 милиони евра, сума која за една година пораснала за 4,7%.

Овие задолжувања важат за прилично ризични за банките бидејќи не се обезбедени со хипотека, ниту пак за нив гарантираат жиранти. најголемите проблем е поврзан со граѓаните кои престанале да работат, кои што веќе не добиваат приливи на сметките од плата, а тогаш дозволениот минус станува недозволен. За такво недозволено надминување, банките наплатуваат и повисока казнена камата.