Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаРеката Брегалница поцрвене кај Штип

Реката Брегалница поцрвене кај Штип

По течението на реката Брегалница кај Штип, втор пат за само неколку дена водата во реката е црвена, а трет пат со сменета боја, објави Канал 77. Неодамна, според сведочењето на жителите на Ново Село, реката добила темна боја, речиси црна.

Црвенилото во реката е видливо од населбата Македонка, каде е колекторот, но и неколку индустриски капацитети, меѓу кои и фабриката за деним, Јагјамезлер. Еколошки инспектор излегол на терен и земал мустри, по што ќе биде појасно од што и кој ја обои Брегалница.