Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаРегистрирани 44.320 повици на телефонската линија „Ало докторе“

Регистрирани 44.320 повици на телефонската линија „Ало докторе“

Откако е отворена телефонската линија за медицински совет  „Ало докторе“, регистрирани се вкупно 44.320 повици заклучно од 15.09.2014 година. Само изминатава седмица 1125 лица побарале лекарска помош.

Последниов период граѓаните од територијата на Македонија најчесто бараат совети поврзани со главоболки, покачен крвен притисок и стомачен вирус, како и за препораки кои би им помогнале полесно да се справат со летните горештини.

Телефонскиот број 02/ 15 123 е достапен 24 часа, 7 дена во неделата. Вкупно 22 доктори се достапни за непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето.