Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаРегистрација од врата на врата за нов избирачки список

Регистрација од врата на врата за нов избирачки список

Работните групи дојдоа до нова модулација со која може да се добие чист и прецизен избирачки список, а тоа е со регистрација на гласачите од врата на врата, при што теренската активност ќе ја спроведуваат екипи на Државната изборна комисија.

Во игра се уште е и активната регистрација на граѓаните кои сами би се пријавувале во евиденција, а нивниот внес ќе биде подложен на проверка со отпечатоци од прст. На денешната средба присутен беше и белгискиот експерт Петар Ван Хауте, а утре треба да се разговара за назначување на специјалниот обвинител.