Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаРегионалниот фонд за иновации проработе со 40 милиони евра за Македонски идеи

Регионалниот фонд за иновации проработе со 40 милиони евра за Македонски идеи

Вицепремиерот за економски прашања му посака добредојде на Регионалниот фонд за иновации South Central Ventures кој ќе отвори канцеларија во Скопје и на македонските идеи за нови стартапи и мали и средни претпријатија ќе може да им додели грантови за инвестиции со вкупен буџет од 40 милиони евра.

– Владата го препозна значењето на основањето на Регионалниот фонд како комплементарно на Програмата за унапредување на иновациите, за подобрување на конкурентноста на економијата и на деловната клима, и веднаш се приклучи кон оваа иницијатива. Веруваме дека преку канцеларијата на Фондот на македонските компании финансиските средства ќе им бидат многу подостапни, а ќе се олеснат и административните процедури, рече Пешевски.

Регионалниот фонд ќе подржува нови и атрактивни идеи кои имаат потенцијал за освојување на пазарот, користејќи модерни алатки и технолошки решенија, па затоа ќе се финансираат со 25 до 49 отсто од сопственоста на компанијата.

– Сакаме да инвестираме тука, во Македонија, зашто наидовме на многу талент и иновации кои може да се развијат во голема конкурентност. Сакаме да ги слушнеме идеите и предлозите на компаниите, тие во секое време може да дојдат кај нас, но за поголема нивна информираност и ние постојано ќе организираме соодветни средби, истакна Татјана Забасу директор на Регионалниот фонд.

Регионалниот фонд за иновации е резултат на заложбите на Европската комисија и Европскиот инвестициски фонд, а е проектиран на вкупно 140 милиони евра со кои се опфатени и Србија, Црна Гора, Хрватска, БиХ, Албанија и Косово.