Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаРеформаторите ја промовираа Декларацијата „Европско ВМРО-ДПМНЕ за европска Македонија“

Реформаторите ја промовираа Декларацијата „Европско ВМРО-ДПМНЕ за европска Македонија“

Декларацијата за демократизација на ВМРО-ДПМНЕ, составена од осум столба беше презентирана денеска.

Според реформаторот Александар Михајлоски, столбовите од Декларацијата „Европско ВМРО-ДПМНЕ за европска Македонија“ ќе ги носат промените во Република Македонија, пренесе Макфакс.

„Ова е нашата визија какво ќе биде реформираното ВМРО-ДПМНЕ. Убедени сме дека реформирано со вакви вредности ВМРО-ДПМНЕ ќе ја добие поддршката од граѓаните за подобар живот за сите“, порача Михајлоски на прес-конференција во Скопје.

Првиот столб на Декларацијата е е одговорно управување – целиот капацитет на партијата ќе се стави во служба на граѓаните. Вториот столб е личната слобода и слободата на општеството – ВМРО-ДПМНЕ ќе се бори ревносно за целосна слобода на говорот, на медиумите, на критичка мисла и слобода на изразувањето. Третиот столб, според реформаторите е културата на законитост, а четвртиот – политички дијалог. ВМРО-ДПМНЕ, според реформаторите ќе биде доверлив партнер и контруктивна сила со висок влаитет без разлика дали е во опозиција или на власт.

Интеграција во ЕУ и НАТО, како петти столб ќе биде врвен приоритет. Реформаторите велат дека ќе ги искористат сите капацитети за да се исполнат критериумите за евроинтеграциите. Како шести столб се нотира економскиот развој, со кој ќе се промовираат политиките на ниски даноци и подобрување на стандардот на граѓаните.

Седмиот столб на декларацијата ќе биде образованието и културата, додека последниот столб се фокусира на здравството и животната средина.