Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионРеферендум за влез во НАТО нема да има – парламентот ќе одлучи

Референдум за влез во НАТО нема да има – парламентот ќе одлучи

Црногорците нема да бидат прашани, парламентот кој ги застапува ќе одлучува за нив. Премиерот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ вчера изјави дека не постои првна обврска ниту политичка потреба да се распише референдум за пристапувањето на Црна Гора во НАТО, наведувајќи дека тоа прашење ќе биде едно од централните во кампањата на скорешните парламентарни избори.

На ткн „премиерски час“ во црногорскиот парламент, Ѓукановиќ укажуваше дека уставот на земјата не пропишува организирање референдум во случај на пристапување на НАТО и дека тој би бил задолжителен кога државата би губела од суверенитетот или би пренесувала суверени рпава.

„Во случајот на приклучување на НАТО, Црна Гора не го губи суверенитетот, ниту пренесува некои до своите права на оваа меѓународна организација“, рече Ѓукановиќ и додаде дека одлуките во Алијансата се носат со консензус и дека секогаш држава гласа во согласност со своите национални интереси.

„Прашањето на пристапување на меѓународни организации, значи и на НАТО, е во надлежноста на парламентот, кои ја претставува волјата на граѓаните. Во сегашниот негов состав речиси две третини од пратениците го подржуваат членството, што е потврдено со усвојувањето на резолуцијата за поддршката на интеграцијата на Црна Гора во НАТО“, порача Ѓукановиќ.

Со оглед на фактот дека властите во оваа држава нема да спроведат референдум, Црногорците единствено ќе можат да се изјаснат на претстојните парламентарни избори. И додека власта го поддржува влезот во НАТО, опозицискиот сојуз „Демократски фронт“ смета дека станувањето дел од воениот сојуз би ги продлабочило поделбите во Црна Гора.