Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионРеферендум во Република Српска носи закана за БиХ

Референдум во Република Српска носи закана за БиХ

Пратениците во Народното собрание на Република Српска по предлог на претседателот на РС Милорад Додик, одобри одржување референдум за надлежностите на Судот и обвинителството на Босна и Херцеговина врз Србите земјата.

Ваквиот потег, според меѓународната заедница, претставува отворен предизвик за интегритетот на босанската држава. Американската амбасада во Сараево веднаш го осуди гласањето како акт на „корумпирани сили“, предупредувајќи дека би можело да бидат преземени мерки против „оние што се одговорни за креирањето на оваа политичка провокација.“

Во април, владејачката партија на Додик најави дека ќе бара референдум во 2018 година за отцепување на Република Српска, доколку на регионот не му бидат дадени поголеми овластувања. Во своето обраќање пред парламентот Додик оцени дека сараевскиот суд бил пристрасен против православните Срби. Референдумот треба уште да се помине во горниот дом на регионалниот парламент.