Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаРеферендумот во Гевгелија го надмина прагот, излезност над 50%

Референдумот во Гевгелија го надмина прагот, излезност над 50%

Според Општинската изборна комисија излезноста на Рефенредумот во Гевгелија против истражувањето на ископи на злато во Кожув и отворање на рудници изнесува 58 отсто и досега нема ниту пријавено ниту регистрирано проблеми на гласачките места.

Референдумот во Гевгелија го иницираа граѓанските активисти од „Спас за Гевгелија“, а одлуката за одржување ја донесе Советот на Општината. Граѓаните се изјаснуваат дали да се дозволи експлоатација на минералични суровини на територијата на Општина Гевгелија, откако канадски фирми по повеќегодишни детални геолошки истражувања на планината Кожуф, бараат концесија за експлоатација на злато и бакар.