Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаРедизајнирани банкнотите од 20 евра – тешки за фалсификување

Редизајнирани банкнотите од 20 евра – тешки за фалсификување

Новите редизајнирани банкноти од 20 евра ќе бидат пуштени во оптек на 25 ноември. Од ЕЦБ веруваат дека новите банкноти ќе бидат посигурни и потрајни и дека со новите сигурносни ознаки, ќе биде многу тешко да се фалсификуваат.

Новата банкнота од 20 евра беше претставена во февруари годинава и тогаш беше нагласено дека ќе содржи иновативни сигурносни карактеристики во облик на транспарентен „портретен прозорец“, кој во одраз на светлина ќе го покажува портретот на митолошката фигура Европа од двете страни на хартијата. Како и новите банкноти од 5 и 10 евра, ќе го содржи и водениот жиг со портрет на Европа и „емералд бројот“.