HomeРЕФЛЕКТОРМузика„Red hot chili peppers“ претставија нова песна

„Red hot chili peppers“ претставија нова песна

Групата „Red hot chili peppers“ претстави уште една песна со која го најавува новиот албум, а овој пат станува збор за нумерата „We Turn Red“. Албумот „The Getaway“ ќе биде објавен на 17 јуни за издавачката куќа „Warner Bros. Records“. Овој албум ќе биде единаесети по ред за калифорнискиот состав, а порв после 2011 година и албумот „I’m with You“.

Ова е трет сингл со кој тие го најавуваат новиот албум, претходно имавме прилика да ги слушнеме објавените нумери „Dark Necessities“ и насловната песна. Членовите на овој бенд ги очекува голема турнеја со која ќе го промовираат новиот материјал.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com