HomeФЕР ПЛЕЈФудбалРеал го пронајде новиот Ибрахимовиќ?

Реал го пронајде новиот Ибрахимовиќ?

Мадриѓаните се подготвени да го доведат еден до најталентираните фудбалери од Скандинавскиот полуостров. Александер Исак во својата татковина Шведска веќе ја доби титулата наследник на Златан Ибрахимовиќ. Ова момче штотуку наполни 17 години, роден е во 1999 година, но веќе игра во најсилната лига во Шведска за клубот АИК.

Мадридските медиуми пренесуваат дека скаути на „Кралскиот клуб“ веќе неколку пати ги следеле неговите настапи и дека оцените за Исак се многу високи бидејќи тој е напаѓач но со големо влијание во играта, со многу голем радиус на движење во ширина и длабочина. Исак оваа сезона дебитираше во првиот тим на својот матичен клуб, а за АИК одигра 17 натпревари и постигна шест погодоци.

Тој е висок 190 центиметри, но за разлика од Ибра е побрз, поподвижен, но секако се уште е рано за било каква споредба со легендарниот шведски голгетер. Во Шведска веруваат дека го имаат новиот Ибрахимовиќ за наредната деценија, а ќе видиме каде ова момче ќе заврши, бидејќи покрај Реал Мадрид интерес за него покажаа и бројни англиски клубови.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com