Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАСветРеакции во Норвешка за најавената изложба на масовниот убиец Андрес Брејвик

Реакции во Норвешка за најавената изложба на масовниот убиец Андрес Брејвик

 

По најавата дека норвешката влада ќе биде покровител на отворената изложба на предмети во сопственост на  масовниот убиец  Андрес Брејвик кој уби 77 луѓе на островот Утоја, од кои 69 деца, предизвика бес и негодување кај Норвежаните

.Предвидено е, на истиот ден  кога треба да се одржи изложбата, 22 јули, на местото на злосторството  да биде подигнат споменик на жртвите од овој масакр.

На изложбата , ќе бидат прикажани делови од автомобилите кои Брејвик ги разнесе, како и униформи и лажна лична карта кои му послужиле да се претстави како полицаец.

– Музеј на Брејвик во владиниот комплекс? Не благодарам! Подобро испратете ги тие предмети во Музејот на криминал во Трондхајм, порача преку Твитер, еден адвокатите на семејствата на жртвите.

Член на норвешката партија на зелените пак, ја предупреди владата на опасност нејзиниот „центар за информации“ да не се претвори во место за поклонение на екстремните десничари.

Брејвик на 22 јули 2011 година подметна бомба пред седиштето на владата во Осло при што  уби осум луѓе, а потоа ладнокрвно уби 69 младинци, членови на подмладокот на Лабуристичката партија, кои биле на излет на островот Утоја.

Во моментот одслужува  21 годишна затворска казна со можност за продолжување се додека судот смета дека претставува опасност за општеството.