HomeДЕНЕШНАПолитикаРеакции од Европа: Курц ги поддржа оние кои се одговорни за тешката ситуација во Македонија

Реакции од Европа: Курц ги поддржа оние кои се одговорни за тешката ситуација во Македонија

sebastijan-kurc-miting-vmro-1

Говорот на Курц на митингот на ВМРО ДПМНЕ предизвика негативни реакции од меѓународната јавност. Поранешниот шеф на социјалдемократите во Европскиот парламент, Ханес Свобода, изрази жалење поради настапот на австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц на предизборниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје.

„Крајно време е Македонија да тргне по нов пат врз основа на европските вредности. Затоа посебно е за жалење што Министерот Курц ги поддржа оние кои се одговорни за тешката ситуација во која се наоѓа земјата“, вели Ханес Свобода – поранешен шеф на европските социјал-демократи.

Под  наслов  „Курц  прави  пропаганда  за  спорна  владејачка  партија  во  Македонија“, австриски Дер Стандард уште поостро го критикува Курц. Весникот пишува дека Курц на митингот ниту збор за прислушкуваните разговори, ниту дека системот на Груевски го суспендира владеењето на правото, ниту пак за притисокот врз медиумите, политизирантата администрација, фалсификуваните избори…

Дер Стандард наведува дека Курц ја поддржал партијата ВМРО ДПМНЕ која е виновна за сегашната состојба на Македонија.

Од австриското министерство за надворешни работи потсетуваат дека и германскиот пратеник Тобијас Зех од редовите на СЦУ одржал говор на предизборниот митинг во Скопје и додаваат дека Курц на партискиот собир учествувал, не како шеф на дипломатијата, туку како претставник на Европската народна пратија, чиј член е и ВМРО-ДПМНЕ.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com