HomeДЕНЕШНАПолитикаРеакција на ВМРО-ДПМНЕ: Катица Јанева почесно ќе беше да се кандидира за носител на СДСМ

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ: Катица Јанева почесно ќе беше да се кандидира за носител на СДСМ

vmro-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ веднаш излезе со реакција по прес конференцијата на која СЈО ја претстави истрагата за случајот „Таргет“ во кој се открива кој стоел зад незаконското прислушување во Македонија, и тие обвинија дека ови оди во прилог на СДСМ и за покривање на скандалите на Зоран Заев.

– Катица Јанева денеска не објасни како претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, тогашниот директор на УБК, Сашо Мијалков и сите останати функционери на ВМРО-ДПМНЕ беа лицата кои беа најприслушувани. Таа срамно се обиде да го покрие аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговиот пријател Зоран Верушевски, реагира денеска ВМРО-ДПМНЕ по пресот на СЈО на кој беше отворена истрага за незаконското прислушување од страна на Управата за безбедност и контраразузнавање.

„Катица Јанева денеска не ја објасни нивната скајп комуникација за заштита и поддршка од чадорот, ниту скајп комуникацијата дека ќе се лее крв до колена. Впрочем и изјавите на Заев и неговите ветувања дадени на албанската дијаспора се најдобриот доказ за „Пучот“ кој бил подготвуван на Македонија. Многу почесно ќе беше кон граѓаните доколку Катица Јанева се кандидираше за носител на листа на СДСМ, наместо на овој начин да ја злоупотребува службената положба и овластувања“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Според ВМРО-ДПМНЕ, целта на денешната прес конференција на Катица Јанева беше само една, да ги покрие скандалозните изјави и ветувања на Зоран Заев дадени пред албанската дијаспора во Швајцарија. Катица Јанева без ниту еден доказ, ја погази правната фела и влезе во политичка кампања. Специјалното јавно обвинителство одлучи да се вклучи во изборна кампања уште пред да стартуваат изборните каравани и да се официјализира почетокот, додава ВМРО-ДПМНЕ.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com