HomeДЕНЕШНАЕкономијаРеакција на Наумов: Ова власт зад себе ќе остави 5 милијарди евра долг

Реакција на Наумов: Ова власт зад себе ќе остави 5 милијарди евра долг

Според Кире Наумов, Министерот за финансии самиот си го демантираше вчерашното соопштение од Министерството за финансии. Министерот за финансии со последните две аукции го зголеми јавниот долг за нови 12.7 милиони евра.

„Кирил Миноски изминативе седум дена ги задолжуваше граѓаните со по 1.8 милиони евра на ден, што е далеку од приближување на нето долгот кон нула на неделна основа, како што тврдеше. Ова власт зад себе ќе остави 5 милијарди евра долг на товар на граѓаните“ посочи Наумов.

Денес министерството за финансии го изврши последното задолжување на државата кое беше закажано пред распуштање на Собранието, а исто така беше вратен и дел од долгот за домашните хартии од вредност.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com