HomeДЕНЕШНАПолитикаРеакција на градинката „8 март“ – Демантираме дека сме поставиле партиско знаме

Реакција на градинката „8 март“ – Демантираме дека сме поставиле партиско знаме

gradinka-8-mart
Јавната детска градинка „8 март“ од Пржино реагира на написите дека на празникот 23 октомври од вработените било поставено партиско наместо државно знаме и демантира дека не се почитувал законот за држаното знаме. Директорката Габриела Стојановска обвинува дека медиумите тендициозно известувале со монтиран случај.
„Од името на ЈДГ “8 Март” – на ОКВ во Град Скопје, од мое лично име, како нејзин директор и од името на целиот персонал, најостро ги демантираме наводите изнесени вчера во вашиот медиум, околу поставувањето на знаме со партиски обележја од страна на вработените во градинката“ вели Стојановска. 
– Во нашето долгогодишно работење сме покажале и докажале дека дословно ги почитуваме сите закони, вклучително и законите за истакнување знамиња на празници, односно неистакнување на знамиња со партиски одбележја. Оттука сметаме дека вчерашниот настан е монтиран случај со кој се сака да се оцрни успешното работење на градинката и градоначалникот на општината. Ќе потсетам дека пред само неколку месеци, токму овој објект од градинката “8 Март”, во Пржино, беше реновиран и стана комплетно енергетски ефикасен. Целосно му беше сменета фасадата и надворешна столарија, а доби и целосно еколошко загревање со биогориво, наместо како досега, со нафта.
– Претходно од страна на општината целосно му беше заменет кровот, па дечињата добија одлични услови за престој, за што ќе посведочат и нивните родители кои секојдневно ги носат до тука. Воедно, градинката 8 март, минатата година доби и уште еден сосема нов објект, во Припор, па со тоа се растоварија капацитетите во постојните градинки. Ваквите монтирани случаи, за кој пишувавте во вашиот медиум, само покажуваат дека некому му пречи што децата конечно имаат одлични услови, што родителите се задоволни, па се обидува да го оцрни успехот од нашата работа и се обидува да не смести во некакви политички сценарија. Потег што најостро го осудуваме, стои во реакцијата.
За појаснување pozitiv.mk како медиум нема никакви тенденции да ја обвинува градинката, ниту пак ни сметаат реновирањата и вложувањата кои се за поздрав. Сепак, станува збор за пренесена информација од друг медиум кој е користен како извор од каде се наведени и фотографии од посочениот настан. pozitiv.mk не тврди дека партиското знаме е поставено од раководството или вработените на детската градинка „8 март“, па жалиме доколку не сме направиле доволно напори за да ја направиме потребната дистинкција. Затоа и ја поздравуваме нивната реакција со која делумно е расветлен случајот. Се надеваме дека детските градинки или училиштата нема да бидат злоупотребувани од партиски активисти, особено во наредниот предизборен период кој ќе биде многу остелив.
Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com