HomeДЕНЕШНАСветРазузнавач на САД 10 години крадел доверливи документи, штетата огромна

Разузнавач на САД 10 години крадел доверливи документи, штетата огромна

Американската агенција за национална безбедност се соочува со нов „ликстер“ кој 10 години крадел доверливи документи и податоци од безбзедносните служби, а во август на интернет протекле и хакерските алатки кои НСА ги користи при шпиунирање и следење на комуникациите.

51 годишниот Харолд Томас Мартин Третиот е обвинет за шпиунажа и злоупотреба на доверливи документи кои биле пронајдени во неговиот дом и автомобил, а се сомничи дека истите сакал да ги пушти на интернет слично како постапката на Едвард Сноуден кој како агент на ЦИА и НАСА го направи најголемото протекување во историјата на САД.

Засега обвинителството го товари за нанесување на огромна штета на националната безбедност на САД и ќе истражува дали класифицираните материјали се дадени на хакери како членовите на Викиликс или новинари.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com