Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаРазрешувањето на Зврлевски се уште ги чека пратениците

Разрешувањето на Зврлевски се уште ги чека пратениците

Во Собранието денеска продолжува шестата седница, на која меѓу другите точки на дневниот ред е и разрешувањето на јавниот обвинител на Република Македонија, Марко Зврлевски.

Второто продолжение на оваа седница заврши вчера пред 19 часот. Собранието е заглавено на четвртата точка – расправа за одлуката за давање согласност на општите акти на Народниот правобранител.

Пред завршувањето на седницата, пратеничката група на СДСМ и на коалицијата ја напушти салата кога збор зеде Крсто Мукоски, еден од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кој на 27 април на т.н. „крвав четврток“, помогна во отворањето на собраниските врати.

По расправата за актите на Народниот правобранител, треба да уследи расправата за разрешување на јавниот обвинител Зврлевски, но со оглед на големиот број пријавени дискутанти за претходната точка, неизвесно е кога ќе се случи тоа.