Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаРазрешувањето на Зврлевски конечно стигна на дневен ред – ќе се расправа утре

Разрешувањето на Зврлевски конечно стигна на дневен ред – ќе се расправа утре

Точката за разрешувањето на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски дојде на дневен ред пред пратениците, но претседателот на Собранието Талат Џафери, ја прекина седницата и продолжението го закажа за утре во 11 часот.

Откако со 91 гласа „за“, и без ниту еден против и воздржан беше усвоена одлуката за давање согласност на општите акти на Народниот правобранител, Џафери ја отвори петата точка од дневниот ред на шестата пленарна седница. Собранискиот спикер побара предлагачот на барањето за разрешување на Зврлевски, како и пратениците да се пријават за збор, но исто така порача да не се злоупотребува меморандумот на Собранието.

– Се злоупотребува меморандумот на Собранието. Тој во соодветна процедура може да го користат само од надлежни органи. Без да именувам, ќе кажам да не се злоупотребува, за да не дојдеме во ситуација да се именуваме поединечно и да не се доведува администрацијата да направи нешто што не треба да се направи. Затоа сега укажувам вака општо – рече Џафери, пред да го закаже продолжението за утре.