Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеРазрешена директорката на ОУ „11 Октомври“ поради загрозување на здравјето на учениците

Разрешена директорката на ОУ „11 Октомври“ поради загрозување на здравјето на учениците

Директорката на општинското основно училиште „11-ти Октомври“ денеска е разрешена поради одговорност за нахигиена, односно загрозување на здравјето на учениците. Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, денеска донесе решение со кое ја разрешува Даниела Костадинова од должноста.
daniela-kostadinova-300x257Советот на општината констатираше сериозно нарушување на санитарно – хигиенската состојба, со што е загрозено здравјето на учениците. Градоначалникот ја утврди личната одговорност на директорката Даниела Костадинова за нанесената штета по здравјето на учениците и го донесе решението за нејзино разрешување, согласно член 133, став 2, алинеја 3 од Законот за основно образование.

Градоначалникот Жерновски оцени дека директорката Костадинова, како одговорно лице за правилно и законито раководење на училиштето, ги занемарила своите законски обврски и должности и придонела за нарушување на санитарно хигиенската состојба и загрозување на здравјето на учениците.