Thursday, Apr 25, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноРазладете се и без клима уред

Разладете се и без клима уред

Еве неколку начини да се разладите во овие пеколни температури.Доколку дома немате клима уред постојат и други опции кои ќе ве ,,спасат” од тропските горештини

Наместо памучни, фротирни и обични покривки користете свилена или сатенска покривка. Побрзо се сушат од потење и помалку греат. Навечер покривајте се со чаршаф. Колку и да е топло навечер треба да имате покриен грб

Два вентилатори би постигнале приближно ист ефект како клима уред, но треба добро да ги поставите. Секој ,,на свој крај”, воздухот да го насочуваат кон ист правец

Чувството на топлина дополнително се зголемува ако во куќата има влага – после туширање и после готвење отворите прозор и уклучите аспиратор

Навечер отворете ги сите прозори, струењето на воздухот осигурајте го и со мобилен вентилатор.Дури и ако имате клима вентилаторот ќе го распространи студениот воздух.

Исклучете ги сите куќни апарати сосема, бидејќи и кога не се во функција а имаат електричен напон создаваат дополнителна топлина.

Користете ја рерната најмалку што можете, секако не ви е потребна тешка храна, уживајте во свежо овошје и зеленчук и сладолед.